„Instagram“ ја објави глобалната достапност на верзијата „Lite“ на својата популарна апликација. „Instagram Lite“ е намалена верзија на популарната услуга и овозможува пофлуидно искуство при користење на платформата на било кој уред и со каква било интернет конекција. Оваа објава е наменета за земјите во развој.
Програмерите на „Instagram“ истакнаа дека апликацијата е создадена со цел да обезбеди пристап до услугата во земји кои имаат ограничен или слаб пристап до Интернет, како и за уреди со основни/буџетски спецификации. „Instagram“ минатата година ја прекина претходната верзија на својата „lite“ апликација, а компанијата тогаш истакна дека работи на нова верзија.

