30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбиени 30 милиони фунти за Руни

Одбиени 30 милиони фунти за Руни

Wayne-Rooney

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед ја отфрли понудата на Челзи од 30 милиони фунти за напаѓачот Вејн Руни.

Ова беше втората подобрена понуда на „сините“ откако управата на „црвените ѓаволи“ претходно ги одби понудените 20 милиони фунти за Руни, кој според луѓе блиски до него тој изразил желба да си замине од „Олд Трафорд“.

Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо изјави дека во текот на летниот преоден рок би сакал да доведе само еден играч, а тоа е Вејн Руни.

Договорот на Англичанецот со шампионот на Англија истекува за две години, а тренерот на Јунајтед, Дејвид Мојс во неколку наврати изјави дека нема намера да го продаде 27-годишниот напаѓач.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП