Некои гејмери се малку попребирливи кога станува збор за нивната опрема. Само за нив, направен е специјален „Xbox“ контролер, кој чини приближно исто колку и луксузен автомобил.
Станува збор за контролер направен од компанијата „Expert Casting“, тежок е 1,5 килограм, а е изработен од 18-каратно злато, додека неговата цена е 87.000 долари. Да, добро прочитавте.

