13 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНово европско фијаско на Јуве – Сержо Оливеира ги исфрли со фантастичен...

Ново европско фијаско на Јуве – Сержо Оливеира ги исфрли со фантастичен слободен удар во 115. минута!

Џабе беше новиот тренер Андреа Пирло, џабе беше „џокерот“ за Лигата на шампиони, Кристијано Роналдо, и на крајот џабе беше фантастичниот камбек во режија на Федерико Киеза – исходот е ист, Јувентус повторно е прерано елиминиран во ЛШ, откако Сержо Оливеира со гол од слободен удар во 115. минута ја елиминираше „старата дама“ иако Порто играше со играч помалку од 54. минута. Адриен Рабио врати само две минути подоцна за 3:2, но и со тој резултат, Порто е четврт-финалист, бидејќи дома победи со 2:1, односно има постигнато повеќе голови во гости.

Во Торино, работите не тргнаа најдобро за Јуве, откако тимот на Сержо Консеисао дојде до 0:1 водство од пенал во првото полувреме, пред во второто младиот Федерико Киеза да постигне два гола за да ја неутрализира оваа предност. Драмата ќе продолжи во двете продолженија од по 15 минути, а можеби и на пенали. „Старата дама“ се виде во четврт-финалето во 91. минута, кога Алваро Мората постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд ситуација по ВАР проверката.

Во продолжението Јуве не успеа да стигне до гол до 115. минута, кога Оливеира постигна прекрасен гол од слободен удар за 2:2, за само две минути подоцна Рабио да им донесе безначајно водство на домаќините.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Јувентус – Порто 2:1, 3:2 по продолженија, прв меч 1:2, вкупно 3:3, Порто оди понатаму поради повеќе постигнати голови на гости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП