28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОткриен дел од плановите на Apple за 2040 година кој вклучува револуционерни...

Откриен дел од плановите на Apple за 2040 година кој вклучува револуционерни контактни леќи

„Apple“ инвестира многу во развој на производи за проширена реалност и планира да развие производи во три фази, а третата фаза се очекува дури помеѓу 2030 и 2040 година.

На Интернет, честопати можеме да ги прочитаме размислувањата на аналитичарите за производи на кои големите компании веќе работат или за кои размислуваат, но најчесто тоа се планови од максимум неколку години. Минатата недела, аналитичарот кој го следи Apple, Минг Чи Куо ги објави своите предвидувања (кои се базираат на информации кои ги добива од многу сигурни извори од Apple или поврзани со Apple) кои вклучуваат период од неколку години, но исто така и период до 2040 година.

Се работи за планови за проширена и виртуелна реалност кои Apple ги смета за многу важен дел од нивната иднина и ќе вложат многу пари во развој на AR/VR производи. Според споменатиот аналитичар, Apple планира три фази на развој на вакви производи.

Првата фаза вклучува уред како кацига, која ќе има поддршка за проширена и виртуелна реалност, а неговата презентација се очекува следната година, а цената треба да биде околу илјада долари. Ќе биде опремен со микро-OLED екрани на Sony и неколку оптички модули, а Куо вели дека кацигата ќе биде „пренослива“, односно ќе има независен извор на напојување и складирање на податоци, но „не толку подвижна како iPhone“. Таквиот уред, смета овој аналитичар, треба да обезбеди многу подобро искуство во споредба со постојните слични уреди. Исто така, она што би можело да биде клучно за продажба на тој уред е интеграција со услугите на „Apple“ како „Apple TV +“ и „Arcade“, што значи дека тоа би овозможило целосно ново искуство на гледање видеа и играње игри.

Неколку години подоцна, се планира втора фаза и можеме да очекуваме очила за проширена реалност најрано во 2025 година, додека во текот на следната деценија, помеѓу 2030 и 2040 година, Apple треба да воведе револуционерни контактни леќи, кои исто така ќе имаат поддршка за проширена реалност. Можеме да претпоставиме дека внатре во таквите леќи ќе бидат прикажани некои важни податоци и известувања додека ги гледаме денес на екраните на телефоните и паметните часовници. Секако, во моментот е тешко да се зборува за некои уреди кои треба да бидат во продажба за 10 или 20 години, а со големиот напредок на технологијата, сè може да се промени, но секако е добро да се знае во која насока размислуваат шефовите на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП