19 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 08.03.2021 до 14.03.2021

Неделен хороскоп 08.03.2021 до 14.03.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Не верувајте во лажни ветувања. Некој ќе се обиде да ве измами и да ви подметне некои невистини.

ЉУБОВ: Можете брзоплето да се впуштите во некоја нова врска. Лесно може да се случи погрешно да го процените партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни се настинки, вирусни инфекции.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Ако се занимавате со приватен бизнис, можете да очекувате мали проблеми и компликации на тој план. Внимавајте кој се меша во финансиите.

ЉУБОВ: Малку се досадувате кога станува збор за љубовното поле. Оваа недела нема да дојде до некои значајни промени.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со стомакот.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Следи дополнително стабилизирање и зацврствување на некои важни договори. Поволни аспекти и стабилна ситуација.

ЉУБОВ: Тешко доаѓате до промени на љубовен план, иако ги посакувате. Некои работи едноставно не одат според планираното.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со белите дробови.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Ќе си поставите приоритети за решавање на финансиските проблеми и максимално ќе бидете посветени на тоа. Ништо друго нема да ве интересира оваа недела.

ЉУБОВ: Емотивните случувања ви се во втор план бидејќи воопшто не сте му посветени на партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за своите заби.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Не сте во поволен период за донесување на важни одлуки, можете да дојдете до некои поголеми проблеми ако бидете брзоплети.

ЉУБОВ: Можни се поголеми кавги и конфликти со партнерот. Некои лаги ќе ве доведат во непријатна ситуација.

ЗДРАВЈЕ: Можни се силни главоболки.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Многу поволен период за да направите деловна стратегија и планови за во иднина. Имате вистински увид во деловната ситуација и ќе успеете да го постигнете планираното.

ЉУБОВ: Не ги покажувате емоциите сосема отворено. Поработете малку на своето однесување.

ЗДРАВЈЕ: Нервозите ќе ви донесат зголемен притисок.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Очекувајте помош и поддршка од некој колега и соработник. Поволен период да се вклучите во некој тимски проект.

ЉУБОВ: Полека ја губите самодовербата бидејќи партнерот не ви посветува доволно внимание.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Многу е важно да бидете максимално фокусирани на работата. Оваа недела ќе дојде до значителни промени кои ќе ви ја отежнат ситуацијата.

ЉУБОВ: Ќе имате можност за интересен флерт и контакт со некое интересно лице. Свесни сте дека тоа може да ви донесе непријатности.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грбот.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Ќе ви се овозможи прилика да склопите некој важен деловен договор со соработници од странство.

ЉУБОВ: Во текот на оваа недела нема да имате драстични промени на полето на љубовта. Се ќе биде прилично мирно.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за можните проблеми со црниот дроб и жолчката.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Поволен период ако сте планирале да побарате некој кредит или позајмица. Следи благо финансиско подобрување.

ЉУБОВ: Доколку сте во брак односите со партнерот стануваат се подобри и полека пронаоѓате компромис за некои прашања кои ве мачеле.

ЗДРАВЈЕ: Зголемете го внесот на течности.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Можни се кавги и препреки на работното место. Без грижа до крајот на неделата ќе дојдете до позитивно решение.

ЉУБОВ: Внимавајте како се однесувате со партерот, потребно е повеќе да го почитувате. Оние кои не се врска, оваа недела нека не очекуваат нешто посериозно.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со урогениталниот тракт.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Преоптеретени сте со деловни обврски и немате сила да се посветите на нешто друго.

ЉУБОВ: Доколку сте слободни можете да очекувате интересна средба оваа недела.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за хроничниот замор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП