20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНе е брз, но е упорен: Роверот Perseverance во првото возење на...

Не е брз, но е упорен: Роверот Perseverance во првото возење на Марс помина 6,5 метри за половина час

Се очекува Perseverance да ја проучува површината на Марс најмалку две години, да ги проучи климата и геологијата и да собере примероци од карпи и почва.

Роверот Perseverance на НАСА за прв пат се движеше низ Црвената планета, поминувајќи пат од 6,5 метри за 33 минути, објави во петокот американската вселенска агенција.

Со краткото патување се тестираше подвижноста и проверка на системот на роверот. Како дел од научното истражување на „Perseverance“, НАСА планира да се движи по површината на Марс преминувајки пат од 200 метри или повеќе.

„Роверот“ се придвижи четири метри напред, сврте лево, а потоа назад 2,5 метри за привремено да се паркира.

Погонот на шест тркала на роверот реагираше добро, рече Анаис Зарифијан, инженерка на НАСА. Сега сме убедени дека нашиот погонски систем, подготвен за возење, може да не одведе таму каде што науката ќе не насочи во следните две години.

Роверот, тежок околу 1.000 килограми и големина на мал автомобил, слета на Марс за време на ризичното слетување на 18 февруари, по 480 милиони километри долг пат низ вселената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП