25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТвитер ја тестира опцијата „Undo Send“ - но веројатно ќе треба да...

Твитер ја тестира опцијата „Undo Send“ – но веројатно ќе треба да платите за тоа

Социјалната мрежа Твитер тестира функција која го поништува објавувањето на твитот – „Undo Send“.

Според Џејн Манчун Вонг, која често објавува „инсајдерски“ информации истражувајки го кодот на апликацијата, опцијата за поништување на објавата трае кратко, пред тајмерот да дојде до нула.

Од социјалната мрежа Твитер, рекоа дека оваа функција во моментов се тестира, и дека може да им биде достапна на оние кои дополнително ќе платат, доколку на оваа социјална мрежа се воведат „премиум“ функциите, пренесува Ројтерс.

„Undo Send“ може, меѓу другите потенцијални карактеристики на премиум функциите, да ја намали зависноста на Твитер од реклами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП