11 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовите ажурирања на „Chrome“ ќе бидат на секои четири недели

Новите ажурирања на „Chrome“ ќе бидат на секои четири недели

„Google Chrome“ обично добива нови одлични одлики на секои шест недели, без разлика дали се работи за безбедност, стабилност или ажурирање на брзината. Тоа ќе се смени во наредниот период, а „Google“ најави планови за забрзување на процесот, така што ќе објавува нови надградби на секои четири недели.

Почнувајќи со верзијата „Chrome 94“ во третиот квартал од оваа година, „Google“ ќе преземе уште поагресивен пристап кон објавување на нови функции. Ова ќе значи дека корисниците можат да очекуваат нивното искуство со пребарување на Интернет да остане свежо и постојано да се подобрува.

Покрај тоа што се фокусира на објавување на големи надградби на секои четири недели, „Google“ исто така истакнува дека помалите надградби, со фокус на безбедноста, ќе бидат објавувани на секои две недели. „Google“ исто така ќе понуди неколку стабилни објави за „Chrome OS“, но ќе ги објави плановите за ова подоцна.

Пред да се имплементира овој билтен, „Google“ ќе продолжи да се држи до моменталниот циклус на објавување на ажурирања на секои шест недели, заклучувајќи со верзијата „Chrome 93“ што се очекува кон крајот на август. После тоа, можевме да го видиме „Chrome 94“ на 21-ви август.

„Google“ истакнува дека планот на компанијата да објавува ажурирања на секои четири недели може да се промени во следните неколку месеци. Но, ако сè оди добро, корисниците можат да очекуваат подобри надградби во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП