25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Foxconn“ навести силен почеток на годината

„Foxconn“ навести силен почеток на годината

Соработникот на „Apple“, „Foxconn“, објави дека очекува приходите во првиот квартал да пораснат за над 15 проценти во однос на претходната година, поткрепено со големата продажба на „iPhone“ и големата побарувачка за електроника за време на блокадите поради Ковид-19.

Претходно, најголемиот трговец на електроники во светот предвиде голема побарувачка за новиот „iPhone 12“, велејќи дека неговиот бизнис ќе биде поддржан од „посилна од очекуваната“ продажба на паметни телефони и комуникациски уреди со оглед на трендот на работа од дома поради пандемијата.

Тајванската компанија откри дека очекува приходите од потрошувачката електроника, која вклучува паметни телефони и паметни часовници, да пораснат за повеќе од 15% во кварталот од јануари до март во споредба со една година порано. Компанијата не сподели повеќе детали.

Од „Foxconn“ тврдат дека нејзините приходи од облачни производи, кои вклучуваат сервери и приходи од производи како што се лаптопите, ќе пораснат за околу 10% во првиот квартал, повторно на годишно ниво.

Минатиот месец, претседателот на „Foxconn“ изјави дека очекува компанијата и нејзините клиенти да се соочат со „ограниченото влијание“ на недостигот на чипови, што силно ја погоди автомобилската индустрија.

„Foxconn“, чие официјално име е „Hon Hai Precision Industry“, претходно соопшти дека очекува приходите да пораснат за околу 10% во 2021-ва година.

Во последната година објави неколку зделки за производство на електрични возила, вклучувајќи ги американскиот „Fisker“, кинеските „Byton“ и „Zhejang Geely Holding Group“ и единицата на „Fiat Chrysler“ – „Stellantis“.

Цената на акциите на „Foxconn“ се зголеми за над 20% од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП