Челси стигна до супер-важна 1:0 победа на гости кај Ливерпул за да ги зголеми шансите за топ 4 пласман, и во исто време да им го нанесе на „црвените“ неверојатниот петти пораз во низа на „Енфилд“, откако претходно имаа 68 меча без пораз на славниот фудбалски храм.
Челси ја контролираа играта во првото полувреме, кога прво голот на Тимо Вернер зачудувачки беше поништен поради минимален офсајд во 24. минута, за потоа во 42. минута, Мејсон Маунт со прекрасна соло акција да го совлада Алисон и да донесе водство за тимот на Томас Тухел. Во второто полувреме, Ливерпул „притискаше“, но и Челси имаше свои шанси, од кои во една само реакцијата на Алисон ги спаси од 0:2.

