Вардар доживеа убедлив домашен пораз од 32:36 од Мешков Брест, со што го запечати пласманот на седмото место во групата А во ЕХФ Лигата на шампиони, и со тоа закажа пресметка со унгарскиот гигант Веспрем во осминафиналето на натпреварувањето.
Поради вонредната ситуација со КОВИД-19 и многуте одложени мечеви, ЕХФ дел од мечевите ги додели службено, а реши сите 16 клуба од групната фаза да се пласираат во осминафиналето на европското елитно натпреварување. Вардар, кој посебно беше погоден од одложувањата, завршува на седмото место на табелата со 9 освоени поени и ќе игра со второпласираниот во групата Б, Веспрем, кој е зад недостижната Барселона.
Мешков пристигна во Скопје со јасен план да оди на победа, со која го освојува четвртото место на табелата во групата А. Вардар уште на полувреме губеше со огромни 7 гола разлика, а впечатокот малку беше поправен во второто полувреме. Тимур Дибиров со девет и Анте Гаџа со седум гола беа најефикасни кај Вардар, додека кај Белорусите блесна Микита Ваилупау со 12 гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Вардар – Мешков Брест 32:36 (18:25)
Кјелце – Флензбург (17:19)
Елверум – Порто 20.45 ч.
Табела: 1.Флензбург 21, 2.ПСЖ 19, 3.Кјелце 19, 4.Мешков Брест 13, 4.Пик Сегед 12, 6.Порто 10, 7.Вардар 9, 8.Елверум 5
ГРУПА Б
Кил – ППД Загреб 36:30 (23:15)
Табела: 1.Барселона 28, 2.Веспрем 20, 3.Кил16, 4.Алборг 14, 5.Мотор З. 14, 6.Нант 12, 7.Целје 8, 8.ППД Загреб 0