27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба...

Наскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба да изгледа(ВИДЕО)

За неколку години треба да започне изградбата на првиот хотел во вселената, кој треба да има ресторани, кина и сместување за 400 гости.

Orbital Assembly Corporation (OAC) и Gateway Foundation имаат големи планови за проектот кои го нарекоа Voyager Station, кој го најавија уште во 2019 година. Тие планираат да започнат со изградба во ниската орбита околу Земјата во 2025 година.

Иако досега не се разјаснети многу детали, како што се трошоците за изградба, како и сместувањето таму, OAC посочува дека користењето ракети кои може да се користат повеќепати, како „Falcon 9“ на компанијата на Маск, „SpaceX“, ќе помогне да се задржат трошоците релативно ниски.

Џон Блинков ја започна OAC во 2012 година, а Дејли Меил ја цитираше неговата изјава дека тоа ќе биде следната индустриска револуција. Фондацијата Gateway, пак, на својата веб-страница пишува дека станицата Voyager ќе биде еден од „основните први чекори во колонизацијата на универзумот и другите светови“.

https://www.youtube.com/watch?v=m50A-3OLGd0&feature=emb_title

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП