НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица во период од 1.03.2021 до 31.03.2021 година. Во промотивниот период сите кредити за физички лица ќе се нудат без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.
Во рамките на промотивната понуда, клиентите ќе можат да аплицираат за некој од НЛБ Потрошувачките кредити кои се со фиксни каматни стапки за првите 36 месеци и дополнително, да добијат НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка. НЛБ Mastercard haPPy кредитната картичка е единствена картичка која овозможува поврат на средства за секоја безготовинска трансакција до 10%.

