5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн му одговори на Златан: Најде со кого да се чепкаш!

Леброн му одговори на Златан: Најде со кого да се чепкаш!

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс одговори на повикот на фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот фудбалер неодамна изјави дека би било подобро Леброн да се фокусира на кошарката, а не да зборува за сите други работи.

Не помина долго и Леброн да му одговори на искусниот напаѓач. Тој тоа го стори по натпреварот во кој Лејкерси го совладаа Портланд со 102-93.

“Никогаш нема да ја затворам устата ако почувствувам дека нешто не е во ред. Проповедам за нашиот народ, за еднаквоста, правдата, расизмот, притисоците врз гласањето, работите што се случуваат во нашата заедница затоа што бев дел од истата заедница. Во еден момент видов како се развиваат работите, знам што се случува сега затоа што имам група од 300 деца во моето училиште кои минуваат низ сите овие работи и им треба глас. Јас сум нивниот глас и ја користам мојата платформа за да продолжам да привлекувам внимание на сè што се случува, не само во мојата заедница, туку и низ целиот свет“, вели Џејмс.

Леброн постигна 28 поени против Блејзерси со 11 скока, седум асистенции, четири украдени топки и три блокади.

Понатаму, кога станува збор за излагањето на Ибрахимовиќ, американскиот кошаркар рече дека не е во ред Златан да држи некому лекции од пристојност.

„Смешно е што тој зборува за сето ова, верувам дека некаде во 2018 година тој беше оној кој додека беше во Шведска зборуваше за истите работи, за неговото презиме и дека во тоа време имал чувство дека се работи за расизам кога и да излезел на терен. Дали е така? Дали тој го рече тоа? Мислам дека да. Јас сум многу образован. Можеби е погрешно да се чепка со мене затоа што јас секогаш ја обработувам домашната работа “, заклучи Џејмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП