25 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

Популарниот јутубер Филип Корој (чиј канал се нарекува „Everything Apple Pro“) се здружи со Макс Вајнбах, познат по тоа што често откриваше информации за новите производи на „Apple“, додека тие сè уште не се официјални.

Двајцата ни открија неколку новини што ќе ги донесе „iPhone 13“.

Дизајн

Се претпоставува дека „Apple“ ќе ја „освежи“ мат позадината кога станува збор за моделот „iPhone 13 Pro“, така што ќе имаме можност да видиме „подобра текстура на задната страна, со што уредот ќе биде поудобен за држење“.

Освен ова, не се очекуваат големи промени, па веројатно по изглед ќе биде прилично сличен на неговиот претходник.

Екран

Новиот модел „iPhone Pro“ ќе ја донесе можеби најочекуваната иновација – 120 Hz Pro Motion дисплеи кои ја користат истата технологија како „Samsung Galaxy S21“.

Исто така, ќе се воведе функцијата „Always-On Display“, каде што часовникот и батеријата сè уште ќе бидат видливи, а кога ќе пристигне известување, тие ќе се појават накратко, иако екранот нема да биде целосно осветлен.

Сè уште не е познато дали сето ова ќе важи за обичните модели, односно за оние кои немаат додавка „Pro“.

Камери

Тука нè очекуваат три големи промени.

Прво, „Apple“ веројатно ќе воведе „автоматски режим на астрофотографија“, што ќе биде корисно кога ќе се обидете да го фотографирате небото со вашиот „iPhone 13“.

Се очекува големо подобрување на ултра-широкиот објектив, а можеби дури и целосен „ремонт“ на она што сме имале можност да го видиме досега.

Можеби најинтересната вест е дека „режимот портрет“ за видеа конечно пристигнува. За оваа функција се зборува веќе подолго време, а Корој забележа дека, ако сè се направи правилно, портрет-видеата би можеле да станат нов тренд на социјалните мрежи.

„MagSafe“

Вајнбах откри дека магнетите во држачите/футролите на „MagSafe“ ќе се зајакнат, што има смисла кога ќе ја земете предвид нивната намена.

Сепак, некои корисници изразија сомнеж по доказите дека посилните магнети се мешаат со пејсмејкерите и другите слични уреди, па сè уште е непознато како „Apple“ ќе успее да го зајакне „MagSafe“ истовремено, без да го загрозува здравјето на корисниците.

Нешто друго

Покрај овие информации, тие наведоа и некои други ситници за новите модели на „iPhone“. На пример, „notch“ ќе се намали, ќе се воведат 5G модеми од следната генерација и просторот за складирање ќе се прошири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП