Првите луѓе на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се во многу напредни преговори за португалската мегаѕвезда, Кристијано Роналдо, објави британскиот таблоид „Дејли Стар“.
Според изданието преговорите меѓу двете раководства се водат веќе 12 дена и дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да дадат 80 милиони фунти за да го вратат португалскиот репрезентативец на „Олд Трафорд“, што е и желбата на напаѓачот.
Токму тоа го натерало претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес да ги дозволи преговорите меѓу двете страни.
Другата причина за евентуалниот трансфер на Роналдо во Јунајтед е дека „кралскиот клуб“ сака по секоја цена да ја доведе велшката ѕвезда на Тотенхем, Герет Бејл.