29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШејк за регенерација и подмладување

Шејк за регенерација и подмладување

Ако сакате да го намалите притисокот, да го исфрлите вишокот течности, да ги елиминирате токсините и да го зголемите нивото на енергија, уште денес започнете да пиете сок од овие три вида зеленчук.

Цвеклото, морковот и краставицата се намирници кои се богати со витамини, минерали, ензими и останати елементи кои се важни за човековиот организам, а комбинацијата на овие намирници делува благотворно на здравјето.

Сокот од краставица е најдобриот природен диуретик, го забрзува излачувањето на урината и со тоа помага да се исфрлат токсините од телото. Содржи повеќе од 40 проценти калиум, поради што е одличен за регулирање на крвниот притисок.

Во комбинација со сокот од моркови и цвеклото помага при лечењето на ревматски заболувања кои настануваат поради преголема акумулација на урична киселина во крвта.

Цвеклото во оваа комбинација ги чисти цревата, спречува настанување на канцерогени болести, ја подобрува циркулацијата и ја лечи анемијата.

Ставете ги овие три зеленчуци во блендер и секое утро во наредните 41 ден пијте по една чаша од овој напиток. За брзо време ќе ги почувствувате позитивните ефекти, воспаленијата ќе исчезнат, вашиот тен ќе биде поубав, ќе бидете поактивни и ќе имате повеќе енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП