Честата изложеност на ниските температури и студениот воздух значително го забрзуваат процесот на стареење на најголемиот орган на нашето тело – кожата. Првата промена за која главен виновник е студеното време е сушење на кожата, како резултат на намалена работа на потните и лојните жлезди. Дополнително, често пати се јавува и лупење и црвенило на кожата. Покрај тоа што влијае директно врз кожата, влијае и врз крвните садови на кожата, при што доаѓа до пукање на површинските капилари на кожата, особено на лицето, каде што се појавуваат црвени ситни точки.
Први на удар се деловите што се директно изложени на надворешно влијание, како што се лицето и периферните делови на телото, нозете, стапалата и рацете. Тие имааат потреба од интензивна нега со дерматолошки тестирани производи кои содржат уреа и одговараат на кожата. Затоа линијата на Еуцерин за нега на сува и груба кожа сега е збогатена со 2 нови производи, кои покрај тоа што овозможуваат длабинска хидратација, имаат и смирувачки мирис. Новите производи помагаат кожата да ја добие потребната нега, но и убаво да мириса. Станува збор за EUCERIN BODY 5% UreaRepair PLUS Парфимирана пена за туширање и Eucerin® 5% UreaRepair PLUS Парфимиран лосион за тело.


