петок, јануари 21, 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПремиера на „Huawei Mate X2“ со нов дизајн, четири камери на задната...

Премиера на „Huawei Mate X2“ со нов дизајн, четири камери на задната страна (ФОТО+ВИДЕО)

„Huawei“ официјално го претстави својот телефон „Mate X2“ со флексибилен екран. Уредот има нов дизајн, кој се разликува од оној што го имал неговиот претходник. „Mate X2“ се наведнува навнатре, за разлика од моделите „Mate X“ и „Mate Xs“ чиј екран се отвора нанадвор.

„Huawei Mate X2“ има 8 инчен „OLED“ флексибилен внатрешен екран, со резолуција од 2480 x 2200p, стапка на освежување од 90Hz и 413ppi. Надворешниот дисплеј од 6,45 инчи има брзина на освежување од 90Hz, резолуција од 2700 x 1160p и 456ppi.

Телефонот работи со чипсет „Kirin 9000“ на „Huawei“, поврзан со 24-јадрен графички процесор „Mali-G78“. За софтверот е задолжен „EMUI 11.0“, базиран на „Android 10“. Исто така има и 8 GB RAM меморија, како и 256 GB/512 GB простор за складирање.

Кога станува збор за камерите, „Mate X2“ има систем со четири камери на задната страна. Има главна камера од 50MP „Ultra Vision“ (широк агол, отвор на бленда f / 1,9, OIS), 16MP „Cine Camera“ (ултра широк агол, бленда f / 2,2), телефото 12MP (3х оптички зум, отвор на бленда f / 2,4, OIS) и 8MP „SuperZoom“ камера (10x оптички зум, отвор на бленда f / 4,4, OIS). Карактеристиките на камерите вклучуваат „Story Creator“, „Tracking Shot“, „Steady Shot“, „Audio Zoom“, „High-res“, „Time-Lapse“, „Ultra Wide Angle Lens“ и многу повеќе. На предната страна има селфи камера од 16MP.

„Huawei Mate X2“ се напојува со батерија од 4500mAh, со поддршка за брзо полнење од 55W. Тука е и Bluetooth 5.2, приклучок USB Type-C, поддршка за NFC и сензор за отпечатоци на прстот.

Телефонот официјално е достапен на кинескиот пазар, каде што е достапен по цена од околу 2.775 американски долари за моделот 8 GB RAM + 256 GB или со цена од околу 2.939 долари за варијантата од 512 GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП