Златан Ибрахимовиќ секогаш го предизвикува вниманието на фудбалските фанови со својата екстравагантност и „чалам“, но од друга страна се работи за верен сопруг на Хелена Сeгер, со која има два сина.
50-годишната Сегер е поранешна манекенка и маркетинг-експерт, и покрај тоа што е 11 години постара од него, никогаш не ја „играше“ улогата на типична сопруга на фудбалер. Таа ретко дава интервјуа, но открива дека средбата со Златан дефинитивно не била љубов на прв поглед.





