25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 20-21.02.2021

Викенд хороскоп 20-21.02.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Се чувствувате надмоќно и ќе посакате да ја наметнете контролата врз членовите од семејството. Не обидувајте се да бидете она што не сте. Оставете им на членовите на семејството сами да си го планираат времето. Измерете го крвниот притисок.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку за време на слободните денови имате намера да патувате во странство, бидете претпазливи и не се впуштајте во конверзација со секого. Можно е да бидете изманипулирани. Оние што ќе останат дома времето ќе го поминат во пријатна семејна атмосфера.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Овие денови очекувајте особено внимание од страна на партнерот. Тој во последно време има задоволителни финансии и за време на викендов очекувајте изненадување. Бидете благодарни и не му забележувајте заради тоа што претходно не ве известил за парите.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Вечерите во текот на викендот ќе ги поминете на романтични места. Бидете претпазливи со алкохолот затоа што може да ви го одврзе јазикот и да кажете нешто што не треба. Ако сте слободни, бидете пореални во своите барања. Личноста во која сте вљубени не е тоа што вам ви треба.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Додека другите одмораат, вие ќе мора да работите. Имате многу работи што ви останале незавршени во изминатиот период и за време на слободните денови ќе морате да ги завршите. Можно е и да отидете на пократок пат, но никако нема да можете да се опуштите.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Оставете ги сериозните теми и проблемите околу работата и поминете опуштен викенд. Финансиската ситуација не ви е задоволителна и не сте во можност да отпатувате некаде подалеку, но тоа не значи дека треба да останете дома. Можно е да отидете на пократок пат во близината на вашиот дом.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Парите што требаше да пристигнат се уште доцнат. Тоа ве прави нервозни и не ви дозволува да го поминете слободното време онака како што би сакале. Ако планирате да одите на пат, приспособете ја брзината кон условите на патот. Можни се ненадејни инциденти. Ако сте слободни ќе имате можност да се опуштите дружејќи се со пријателите од минатото.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Премногу сте амбициозни и премногу барате совршенство во се, што ви претставува проблем. Слободните вториот ден од викендот можат да запознаат повеќе личности кои им се допаѓаат. Никако нема да можат да се определат само за една. Ако сте во брак, очекувајте романтична вечер со партнерот.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Со мислите ќе лутате и помалку ќе бидете деконцентрирани. Ако сте во можност, не дозволувајте семејството да ја забележи вашата отсутност. Можно е во текот на вториот ден од викендот да добиете семеен подарок, кој многу ќе ви значи.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Ако планирате да патувате, бидете внимателни. Освен што се можни помали инциденти, можни се и расправии во текот на патувањето. Направете список од потребните работи и проверете го повеќе пати. Може да заборавите нешто што ви е навистина неопходно. Ако сте слободни, можно е да ви се допаднат две личности.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендов ќе го поминете во најдобро расположение. Дојдено е време да блеснете и да се ослободите од црните мисли. Во вечерните часови ви претстои забава на која ќе дојде до израз вашата галантност. Ќе бидете опкружени од стари и нови пријатели. Ако сте во брак, не дозволувајте самоувереноста да ве одведе во флерт.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Можеби, дома ќе донесете дел од работата, но обидете се да се опуштите и да се ослободите од стресот кој ве следеше во текот на изминатата недела. Ако е можно избегнете го одењето на пат, затоа што се можни инциденти кои ќе ви го расипат расположението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП