26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРоверот на НАСА успешно слета на Марс, пристигна и првата слика(ФОТО/ВИДЕО)

Роверот на НАСА успешно слета на Марс, пристигна и првата слика(ФОТО/ВИДЕО)

„Perseverance“, најновиот ровер на НАСА, успешно слета на кратер езерото на Марс.

Аплаузи и ентузијазам избија во просториите на техничкиот тим кој го надгледуваше слетувањето.

Роверот првпат беше лансиран пред скоро седум месеци. Мисијата на една од најамбициозните вселенски агенции досега, ќе се обиде да одговори дали има докази дека микробиолошки живот некогаш постоел на Марс.

Слетувањето на „Perseverance“ започна во 20:15 часот, кога беше следен процесот на подготовка.

Набљудувачите можеа да „присуствуваат“ на настанот на НАСА „#CountdownToMars Landing“ на Фејсбук, каде учесниците можеа да им постават прашања на експертите на НАСА и „да се поврзат со истомисленици“, пред и за време на слетувањето.

Роверот ги испрати и првите фотографии од површината на Марс, односно кратерот на таа планета.

Според НАСА, во текот на денот се очекуваат фотографии со висока резолуција.

„Perseverance“ носи мноштво опрема дизајнирана за пребарување траги од античкиот живот, но и за проценка на условите на денешниот Марс со цел за потенцијални истражувања.

Информациите што ги собира роверот ќе помогнат да се утврди како идните астронаути би можеле да преживеат за време на потенцијален престој на планетата, користејќи технологии развиени од нашето еволутивно разбирање за неговиот вонземски пејзаж.

Слетувањето на роверот „Perseverance“ можете да го погледнете на видеото подоле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП