
Екипата на Баер Леверкузен во своите редови го доведе халфот Емре Чан од Баерн, стои во соопштението на официјалната интернет страна на „аспирините“.


Екипата на Баер Леверкузен во своите редови го доведе халфот Емре Чан од Баерн, стои во соопштението на официјалната интернет страна на „аспирините“.
Договорот со 19-годишниот фудбалер е за 4 години, а во него има клаузула според која Баварците можат да го откупат за одредена сума.
Минатата сезона Емре Чан одигра 7 натпревари за екипата на Баерн. Халфот зеде учество и во еден натпревар на германската репрезентација на Европското првенство за млади во Израел оваа година.