„Huawei“ традиционално ги претставува своите телефони од серијата „P“ во текот на првиот квартал од годината. Иако кинеската компанија сè уште официјално не објавила ништо, добавувач тврди дека серијата „Huawei P50“ ќе пристигне со подобрувања во областа на дизајнот и камерите.
Според информациите, „Huawei“ ќе се фокусира на значително подобрување на индустрискиот дизајн во серијата „P50“, покрај подобрувањето на можноста за фотографирање. Серијата „Huawei P50“ ќе биде опремена со нова генерација на „super imaging“ системи, и ќе продолжи да користи камери „Leica“.

