28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 35 проценти зголемен наградниот фонд на US Open

За 35 проценти зголемен наградниот фонд на US Open

us open

Наградниот фонд на „US Open“ ќе биде зголемен за околу 35 проценти, објавија организаторите на четвртиот Гренд слем турнир.

Годинашното издание кое ќе се одржи помеѓу 26 август и 9 септември во Њујорк, ќе стане вториот најскап турнир во историјата на тенисот,  поради тоа што учесниците ќе поделат 34.3 милиони долари (26 милиони евра).

Идните шампиони во индивидуалните турнири кај мажите и жените ќе добијат по 2.6 милиони долари. Тоа е со 700 илјади долари повеќе од тоа што го добија минатата година Енди Мареј и Серена Вилијамс.

Финалистите оваа година ќе добијат 1.3 милиони долари во однос на 950.000 долари во текот на минатата сезона. Достигнувањето до полуфинале гарантира 650.000, а до четвртфиналето – 325.000. Минатата година влегувањето во финалната четворка носеше 475.000, а достигнувањето до фазата на осумте најдобри – 235.500 долари.

Како што се очекуваше, процентното зголемување за почетните кругови е малку повисоко. Тенисерите кои ќе влезат во главната шема и отпаднат во првиот круг, ќе добијат 32.000 долари, што е за 9.000 долари повеќе во однос на 2012-та година.

Достигнувањето до втор, трет и четврт круг ќе донесе соодветно 53.000, 93.000 и 165.000 долари. Одделно во квалификациите ќе бидат доделени 1.4 милиони долари, што е скок со 37.5 проценти. Наградниот фонд во натпреварите во парови пак ќе биде зголемен за 13 проценти.

Минатата година вкупниот награден фонд на „US Open“ беше 25.5 милиони долари. Целта на американската тениска асоцијација е наградниот фонд да достигне 50 милиони долари во 2017-та година.

Покрај солидното зголемување на фондот отвореното првенство на САД не успеа да ја врати лидерската позиција, која во моментов му припаѓа на „Вимблдон“. Ова лето лондонскиот турнир раздаде 35 милиони долари по зголемувањето од 40 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП