Горан Пандев распука по челниците на Фудбалската федерција на Македонија. Легендарниот фудбалер, се огласи на „Инстаграм“, по повод вчерашниот натпревар на Академија Пандев и Работнички, што се одигра во ненормални услови. Во својот пост, тој пишува, дека ќе се тргне на страна доколку не се сменат некои работи во македонскиот фудбал.
„Срамно и жално…уште еднаш докажавте дека вие не сте фудбалски луѓе, луѓе што му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви…доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес…

