19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрвата слика на Марс пристигна и од арапското вселенско летало(ФОТО)

Првата слика на Марс пристигна и од арапското вселенско летало(ФОТО)

Вселенската сонда „Hope“, која беше лансирана од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) пред неколку месеци, ја испрати првата слика на Црвената планета, објави денеска националната вселенска агенција, неколку дена откако леталото успешно влезе во неговата орбита.

На сликата се гледа „најголемиот вулкан во Сончевиот систем„ Olympus Mons“, осветлен со сончева светлина рано наутро“, се вели во соопштението, додавајќи дека сликата е направена во средата од 24.700 километри висина, еден ден откако сондата влегла во орбита на планетата.

Шеикот Мохамед бин Рашид Ал-Мактум, премиер на ОАЕ и владетел на Дубаи, сликата во боја ја сподели на Твитер.

„Првата слика на Марс снимена од првата арапска сонда во историјата на земјата“, напиша тој.

Мисијата е осмислена да открие непознати работи за времето на Марс, а ОАЕ исто така сака да им послужи како инспирација на младите од регионот.

Прво од трите вселенски летала што стигнаа до Марс овој месец

Вселенското летало „Hope“ е првото од трите вселенски летала што стигнаа на Црвената планета овој месец откако Кина и САД започнаа свои мисии во мај.

АФП пишува дека зафатот на Обединетите Арапски Емирати е темпиран така што тој се совпаѓа со прославата на 50-годишнината од обединувањето на седумте емирати.

Вселенското летало ќе кружи околу Црвената планета најмалку една марсовска година или 687 дена, користејќи три специфични инструменти за следење на атмосферата на Марс.

Пренесувањето на повеќе информации се очекува да започне во септември 2021 година, а собраните податоци ќе бидат достапни за сите научници ширум светот кои ќе ги проучуваат.

ОАЕ претходно претстави многу амбициозна вселенска програма која вклучува изградба на населба за луѓе на Марс до 2117 година.

Мисијата „Hope“ чинеше 200 милиони долари, а тамошните научници ќе соработуваат со научните тимови на Универзитетот во Колорадо Болдер, Државниот универзитет во Аризона и Универзитетот Беркли во Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП