6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВидал останува во Јуве до 2018-та

Видал останува во Јуве до 2018-та

vidal

Фудбалерот на Јувентус, Артуро Видал ќе потпише нов подобар договор и ќе остане во торинскиот клуб до јуни 2018-та година.

Според медиумите во Италија, Чилеанецот до крајот на август ќе потпише нов договор со шампионот на Сериа А, со кој ќе му биде зголемена платата од 2.7 милиони евра на четри милиони евра по сезона.

Медиумите исто така пренесоа дека за Видал во текот на летото беа заинтересирани Баерн Минхен, ПСЖ и Реал Мадрид, но сепак 26-годишниот фудбалер одлучил да остане во Италија.

Сегашниот договор на Видал истекува во 2016-та година, а управата на Јувентус ќе се обиде да ги продолжи договорите и со Пол Погба, Џорџо Кијелини, Клаудио Маркизио и Себастијан Џовинко.

Видал кариерата ја започна во чилеанскиот клуб Коло Коло од каде во 2007-та година премина во Баер Леверкузен. Четири години подоцна потпиша за Јувентус, а за „црно-белите“ одигра 80 натпревари и постигна 22 гола, а притоа освои две шампионски титули и Суперкупот на Италија.

За репрезентацијата на Чиле настапи на 47 средби и даде шест погодоци.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП