Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не можеше да отпатува дома во Германија за да присиствува на погребот на неговата мајка, 81-годишната Елизабет поради тоа што германските власти не дозволуваат пристигнувања од Велика Британија поради КОВИД-19.
„Таа ми значеше се на светот. Беше вистинска мајка во најдобрата смисла на зборот. Како верен христијанин знам дека сега е на подобро место. Тоа што не можам да одам на погребот е поради овие ужасни времиња. Кога ќе дозволат условите ќе направиме комеморација за неа“, изјави Клоп за „Шварцвалдер боте“.

