25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКонкурентот на „TikTok“ има 100 милиони корисници за само два месеци

Конкурентот на „TikTok“ има 100 милиони корисници за само два месеци

Компанијата „Snap“ објави дека нивниот конкурент на „TikTok“, „Spotlight“, веќе стигна до 100 милиони корисници во јануари 2021-ва година, само два месеци откако беше стартуван.

„TikTok“ и натамау има значителна предност во однос на „Spotlight“ (кој се наоѓа во рамките на прозорче на „Snapchat“) затоа што објави дека во јуни 2020-та година само во САД имал околу 100 милиони корисници, а според некои индикации, тие и натаму растат.

Од друга страна, од „Instagram“ не пристигнуваат добри вести, затоа што еден од менаџерите објави дека „не е задоволен“ од „Reels“, кратка видео форма, која е направена токму како конкурент на „TikTok“, пренесува „The Verge“.

„Snap“ исто така вложи за да ја стартува својата „Spotlight“ услуга, па така компанијата вети дека ќе дава милион долари дневно за креаторите на содржини, повеќе од еден месец, се со цел да ги поттикнат луѓето да создаваат што е можно повеќе автентични содржини.

Оваа тактика изгледа имала успех, затоа што сега на платформата се прикачуваат во просек по 175.000 видеа дневно. „Ѕnap“ сега вкупно има повеќе од 265 милиони дневни корисници, што е зголемување од 16 милиони во однос на 249 милиони корисници во претходниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП