5 јули, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКако докторите се чуваат од грипот?

Како докторите се чуваат од грипот?

Докторите секојдневно се изложени на зарази, многу почесто од останатите. Затоа е просто неверојатно како тие не се постојано болни и како не се заразуваат со грип. Тоа е така бидејќи се придржуваат до овие едноставни совети.

Најважно е миењето на рацете бидејќи така најдобро се спречува преносот на вируси и бактерии. Идеално е рацете да ги миете дваесетина секунди со топла вода и сапун.

Не допирајте ги носот и устата со рацете и редовно чистете ги сите работни површини околу себе. За оваа намена навистина се добри антибактериските марамчиња.

Важно е секојдневно барем по малку да вежбате за да го засилите имунитетот – трчајте дваесетина минути дневно и тоа ќе биде доволно.

Ц витамин и билните чаеви се секогаш добредојдени, како и медот и прополисот, особено при болно грло.

Пилешката супа е навистина чудотворна, затоа трудете се да ја консумирате почесто.

Доколку овие ситни нешта ги применувате секојдневно, во голема мера ќе бидете заштитени од грипот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар