17 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКинезите стануваат господари на универзумот: Ја испратија првата фотографија од Марс (ФОТО...

Кинезите стануваат господари на универзумот: Ја испратија првата фотографија од Марс (ФОТО / ВИДЕО)

Кинеското вселенско летало Тијанвен-1 ја испрати првата слика од Марс, соопшти Кинеската вселенска агенција.

Тијанвен-1 беше лансиран во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан.

Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата.

Тијанвен-1 тежи пет тони и носи ровер кој треба да ја истражува површината на Марс.

Кина се надева дека ќе го спушти роверот во мај во областа Утопија, местото каде што некогаш удрил голем објект.

Гардијан додава дека Кинезите инвестирале милијарди долари во вселенска програма, која е под надзор на армијата, а нивниот план е да се изгради вселенска станица во орбитата на Земјата до 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП