Фудбалерите на Џенова забележаа голема победа над Наполи во 21.коло, во Серија А. Головите во победата 2:1 за Џенова ги постигна Горан Пандев. Капитенот на македонската репрезентација одигра 67 минути, додека неговиот колега од репрезентацијата Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за Наполи и во 93.минута не успеа да реалзира голема шанса за израмнување.
Горан Пандев, против Наполи, дојде до бројката од 96 гола во Серија А. Оспина го совлада во 10. и 27.минута. Капитенот на Македонија сезонава има постигнато три гола. Пандев, вечерва, стана највозрасниот фудбалер, во Топ 5 првенства во Европа, кој во една сезона забележал најмалку два гола и две асистенции.

