24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИнстаграм сè повеќе наликува на ТикТок

Инстаграм сè повеќе наликува на ТикТок

Ако не можете да ги победите, придружете им се. Бидејќи ТикТок е многу популарен, Инстаграм одлучи да имитира уште еден елемент од нивниот дизајн со цел да остане привлечен за корисниците и да привлече нови.

Инстаграм планира да го имитира ТикТок со додавање на таканаречени „вертикални приказни“, односно опција која со вертикално лизгање на прстот на екранот, корисниците ги гледаат приказните на другите, исто како што прават на ТикТок.

Веста дека Инстаграм работи на оваа промена ја објави инвеститорот Алесандро Палузи, а од самиот Инстаграм за ТекКранч потврдија дека новиот дизајн е во фаза на тестирање.

Во неодамнешното интервју за подкастот Декдер, шефот на Инстаграм, Адам Мосери, рече дека 2020 година е година во која се обложувале, додека 2021 година ќе биде посветена на исполнување на тие обврски и поедноставување на искуството за користење на апликацијата.

Додавањето вертикално скролање во “‘сторис” може да биде еден од чекорите кон тоа, пишува Zimo.hr.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП