7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„BaFin“ ja предупреди „Goldman Sachs“ да ги следи правилата за перење пари

„BaFin“ ja предупреди „Goldman Sachs“ да ги следи правилата за перење пари

Германскиот финансиски регулатор и нареди на европската поделба на „Goldman Sachѕ“ да ги почитува правилата за спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Ова може да се види од соопштението на „BaFin“, објавено во текот на вчерашниот ден.

„Во известувањето од 18-ти декември 2020-та година, „BaFin“ и „Goldman Sachs Bank Europe SE“ да ги почитува своите обврски за проверка на клиентите и барањата за анализа на ризик“, се вели во соопштението.

Известувањето е конечно и обврзувачко од 4-ти февруари 2021-ва година, појаснуваат од институцијата.

„Goldman Sachs“ во изјавата рече дека налогот „BaFin“ следи по ревизијата спроведена во 2020-та година.

„Потребната имплементација веќе е во тек“, велат од банката.

Луѓето запознаени со ова прашање велат дека банката не ги почитувала целосно германските стандарди за познавање на своите клиенти при пренесување на британски клиенти во Германија.

Податоците за пренесените клиенти не секогаш даваат доволно јасност за тоа кои лица се поврзани со одредени сметки, велат изворите на новинската агенција. „BaFin“ може да изрече казни ако „Goldman Sachs“ не го реши проблемот.

Поради „Брегзит“, „Goldman Sachs“ префрли сметки на клиенти со вредност од околу 60 милијарди долари од Велика Британија во Германија, додаваат изворите на агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП