20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПребарувате нешто? Google е далеку од најдоброто место за тоа

Пребарувате нешто? Google е далеку од најдоброто место за тоа

Научници од универзитетот Монаш во Мелбурн веруваат дека има подобри пребарувачи од Google.

Имено, тие неодамна спроведоа истражување, до кое дојдоа до заклучок дека Bing и Ecosia се многу подобри пребарувачи, односно дека даваат многу поголем број релевантни резултати од Google, пренесува Гардијан.

Истражувачите за нивното истражување користеле десет најпребарувани термини во Австралија минатиот месец , а потоа споредиле како Google на тие пребарувања реагираат Google, Bing и Ecosia.

Така, тие откриле дека Bing и Ecosia даваат попрофесионално вести. На пример, пребарувањето за терминот “Grace Tame” при користење на „Google“ дало во првите 50 резултати околу 70% страници кои се сметаат за професионални портали за вести. За истиот поим, Bing дал 94%, а Ecosia 82%.

Кога станува збор за поимот „Lockdown“, Google дал 80%, Бинг 90% и Ecosia 86% од релевантните резултати во првите 50.

Ова истражување дојде, би се рекло, во вистинско време. Австралиската влада во моментов подготвува закон со кој Google и Facebook ќе бидат принудени да им плаќаат на медиумските компании да ја дистрибуираат нивната содржина, но и покрај резултатите, Google сè уште држи 94% од пазарот во Австралија.

Портпаролот на Google исто така ги прокоментира овие резултати.

„Google не е собирач на вести. Дневно, во Австралија само 1,25% од пребарувањата се за вести. Луѓето го користат нашиот пребарувач за пристап до разни информации, па затоа го дизајниравме за да им дадеме на корисниците најсигурни страници “, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП