25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСепак, постои начин човек да влезе во црната дупка, но тоа би...

Сепак, постои начин човек да влезе во црната дупка, но тоа би било најосаменото патување во еден правец

Двајца физичари сфатиле точно какви околности треба да се исполнат за да може човекот да влезе во црна дупка, но предупредуваат дека ова ќе биде најосамениот пат, без враќање.

Лео и Шаншан Родригез, двајца доценти по физика на приватниот универзитет Гринел во Ајова, споредија два типа на црни дупки, оние со големина на ѕвезда како нашето Сонце и супермасивни црни дупки, чија маса е поголема за милиони, па дури и милијарда пати поголема.

Кога станува збор за црни дупки со големина на ѕвезди, тие не ротираат и имаат радиус на хоризонтот на настанот од приближно 3,2 километри. Хоризонтот на настани е всушност точка без враќање по што гравитационите сили на црните дупки се толку силни што дури и светлината не може да им избега.

За споредба, супермасивните црни дупки, како онаа во центарот на нашата галаксија, можат да имаат маса повеќе од четири милиони пати поголема од онаа на нашето Сонце, а нивниот хоризонт на настани е незамисливо поголем, со радиус од 11,68 милиони километри.

Во случај на црна дупка со стеларна големина, хоризонтот на настани е многу поблиску до центарот на црната дупка отколку оној на супермасивната црна дупка, што значи дека разликата во гравитационите сили помеѓу хоризонтот на настанот и центарот е некаде околу трилион пати.

Кога човек би го поминал хоризонтот на настани на стеларна црна дупка, тој би поминал низ таканаречен процес на шпагетизација, во кој сите атоми во човечко тело ќе се рашират во една долга нишка, со оглед на неверојатната разлика во гравитационите сили на хоризонтот на настани, спроти центарот на црната дупка. Многу е веројатно дека овој процес ќе го усмрти астронаутот кој би се осмелил да го премине хоризонтот на настанит на стеларната црна дупка.

Но, ако астронаутот падне преку хоризонтот на настанот во супермасивната црна дупка, тој ќе доживее значително помала разлика во гравитационите сили поради незамисливо поголемата оддалеченост на хоризонтот на настанот од центарот на супермасивната црна дупка, така што ќе има чувство на постепен и продолжен слободен пад и, се разбира, без смртоносна шпагетизација.

Сепак, постои една пречка на патот до тој екстремно долг слободен пад. Имено, повеќето црни дупки имаат екстремно врели вродени дискови, кои се направени од прегреана материја искината од околниот универзум и која се дроби на самиот праг на црната дупка.

За да може човекот безбедно, условно кажано, да влезе во супермасивна црна дупка, таа црна дупка треба да биде изолирана од остатокот од универзумот околу себе затоа што тогаш тие дискови не би претставувале проблем.

На крајот на краиштата, преживувањето на патувањето надвор од хоризонтот на настаните би било најосаменото лично патување во историјата на човештвото, бидејќи, како што веќе беше споменато, гравитационите сили на црната дупка по хоризонтот на настаните повеќе не може да и избега ниту светлината, а камоли комуникацискиот сигнал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП