15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 26 милиони фунти Солдадо премина во Тотенхем

За 26 милиони фунти Солдадо премина во Тотенхем

soldadooo

Тотенхем официјално потврди дека се договориле со Валенсија за трансферот на Роберто Солдадо, кој треба само да ги мине лекарските прегледи, за да стане играч на тимот од „Вајт Харт Лејн“.  Според информациите од Островот, екипата на Тотенхем за овој трансфер на „лилјаците“ ќе им исплати сума од 26 милиони фунти.

Шпанскиот напаѓач постигна 80 гола во 146 натпревари за Валенсија во тригодинишниот престој на „Месталја“, по трансферот од Гетафе. За мадридскиот тим пак, 28-годишниот фудбалер, реализираше 29 погодоци во 60 средби.

Солдадо ја започна својата кариера во Реал Мадрид, за вториот тим за кој постигна 63 погодоци во 120 натпревари. Потоа следеше период на позајмица во Осасуна и трансфер во Гетафе во 2008-та година. Шпанскиот репрезентативец има 11 натпревари за селекцијата и постигна 6 погодоци.

Инаку тој ќе стане третото ново засилување на Тотенхем ова лето откако бразилскиот репрезентативец Паулињо кој дојде од Коринтијанс за сума од околу 17 милиони фунти, како и белгискиот репрезентативец од мароканско потекло Насер Чадли кој го доведоа од Твенте за околу 7 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП