4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ паднаа пред Леванте, Барди асистираше за победничкиот гол

„Кралевите“ паднаа пред Леванте, Барди асистираше за победничкиот гол

Фудбалерите на Леванте забележаа сензационална победа над Реал во Мадрид 2:1, во рамнките на 21.коло во Ла Лига. Асистент за победничкиот гол на Леванте беше македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Леванте покажаа дека се во добра форма, успаја да го победат фаворитот во Мадрид, и да ја продолжат серијата без пораз на седум натпревари. Реал, од друга страна, го доживеаја третиот пораз на домашен терен во Ла Лига, вкупно четврти во сезоната во домашното првенство.

Дуелот на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот започна кошмарно за Реал. По само девет минути игра, Едер Милитао, како последен играч во одбраната го фаулираше Леон. Леванте добија слободен удар, а Бразилецот од Реал црвен картон.

И со играч помалку, Реал успеаја да постигнат гол. Крос и Марко Асенсио одиграа совршен контра напад, а стрелец беше младиот крилен напаѓач.

Од тој момент, Леванте ја презедоа контролата врз играта. Во 32.минута, Клер нафрли, а капитенот Моралес постигна прекрасен гол.

Во вториот дел, Реал не реализираа иделана шанса преку Бензема во 58.минута. Шест минути подоцна Леванте добија пенал, а Куртоа на фанатастичен начин го одбрани ударот на Роџер Марти.

Грешата во 64.минута, Марти ја исправи 14 минути подоцна кога по додавањето од Барди, го совлада Куртоа.

Леванте со оваа победа скокнаа на деветтото место со 26 бода, додека Реал останаа на втората позиција со 40.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП