24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиокомпанија ја забележа прватa загуба по 48 години

Авиокомпанија ја забележа прватa загуба по 48 години

Американската авиокомпанија „Southwest Airlines“ ја објави својата прва годишна загуба од 1972-ра година.

Во тоа време компанијата беше во почетна фаза, леташе само меѓу градовите во државата Тексас, пишува „CNN Business“.

Во последните 48 години, „Southwest Airlines“ прерасна во четвртата по големина авиокомпанија во САД, со 47 последователни профитабилни години.

„Southwest Airlines“ извести за загуба од 3,5 милијарди долари во 2020-та година откако пандемијата на Ковид-19 ги приземји повеќето авиони. Ова исто така влијаеше на приходите, кои паднаа за 60% или од 13,4 милијарди на 9 милијарди долари.

Сепак, загубата не се одрази само на „Southwest Airlines“, туку и на целата американска авионска индустрија. Најголемата авиокомпанија во земјата, „American Airlines“, објави загуба од 9,6 милијарди долари, додека „United“ и „Delta“ забележаа рекордни загуби само една година откако објавија рекордна добивка.

Заедно со „Alaska Air“, петте најголеми авиокомпании во САД објавија загуби од 28,8 милијарди долари во 2020-та година, во услови на комбинирана добивка од 13,2 милијарди долари во 2019-та година.

Сепак, тешко дека проблемите ќе завршат тука. Аналитичарите очекуваат индустријата да доживее сериозни проблеми барем во првите шест месеци од 2021-ва година. Петте најголеми авиокомпании во САД ќе претрпат загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП