Наполи е последниот полуфиналист во италијанскиот Kуп. Вечерва тимот предводен од Џенаро Гатузо со 4-2 славеше против Специја на „Диего Марадона“ во Неапол и закажа полуфинален двомеч со Аталанта.
Наполитанците целата работа ја завршија во првите 45 минути, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше забележителна улога во сето тоа. Тој во 40 минута прецизно стрелаше за последниот гол за својот тим, откако претходно Кулибали, Лозано и Политано ја полнеа мрежата на гостите.

