Претседателските избори во Барселона ќе се оддржат на 7 март, потврди каталонскиот гигант, кога Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреича ќе се борат да станат наследник на Жозеп Марија Бартомеу и да го преземат клубот кој се наоѓа во голема економска криза, а ниту на терените не им оди најдобро.
Изборите требаше да се оддржат на 24 јануари, но каталонската регионална влада не дозволи влез и излез во општината Барселона поради корона вирусот. Членовите ќе можат да гласаат по пошта и лично на шест изборни места – на „Ноу Камп“ во Барселона, како и во Џирона, Тарагона, Тортоса, Леида и Андора.

