23 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНисмо GT-R ќе биде најбрзиот автомобил на светот?

Нисмо GT-R ќе биде најбрзиот автомобил на светот?

nissan-confirms-high-performance-nismo-gt-r-55610-7

Општо познато е дека Нисан, т.е. нивното одделение Нисмо го развива најмоќниот сериски „GT-R“ досега, меѓутоа никој не се надеваше дека терминот „најмоќен досега“ Јапонците ќе го разберат буквално.

Дека во Нисан многу сериозно пристапиле кон исполнувањето на своето ветување, потврди и изворот од таа компанија кој изнесе една шокантна вест. Имено според неговите зборови „GT-R“ Нисмо ќе забрзува од 0 до 100 за само 2 секунди! Да, две (2) секунди, ни помалку, ни повеќе! Ако тоа е точно тогаш не само што Нисмо ќе биде најбрзата верзија на тој модел, туку и најбрзиот автомобил во светот! Барем кога е во прашање забрзувањето од 0 до 100 km/h. Тоа значи дека ќе биде побрз од „Bugatti Veyron Super Sport“ или „Ariel Atom V8“. Меѓутоа пред да се крене толку голема „галама“, треба прво да ги видиме резултатите на дело.

Нисмо овој модел го развива во соработка со компанијата „Williams Advanced Engineering“. Еден од инженерите на оваа компанија изјави дека сите ќе бидат изненадени кога ќе дознаат колку има место за подобрување на моторите, па дури и кога е во прашање автомобил како што е „GT-R“.

Како што е тоа случај и со останатите модели на Нисмо, па така и „GT-R“ ќе добие детали кои дополнително ќе го нагласат неговиот спортски изглед, како на пример нов издувен систем и делови од јаглеродни влакна.

Од Нисан се уште ништо немаат кажано за евентуалната цена, но се проценува дека „GT-R“ Нисмо ќе чини околу 115.000 евра. Како што од порано знаеме овој автомобил ќе има своја премиера во ноември на саемот за автомобили во Токио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП