4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвените ѓаволи ќе пијат Пепси

Црвените ѓаволи ќе пијат Пепси

pepsi

Англискиот шампион Манчестер Јунајтед потпиша двегодишен договор за партнерство со производителот на безалкохолни пијалоци, Пепси.

Договорот со брендот е уште еден во низата моќни спонзори на „црвените ѓаволи“, независно од тоа што ќе ги има правата само за Азија.

Компанијата ќе ги добие ексклузивните права да го користи логото на клубот на своите производи во Тајланд, Малезија, Сингапур, Мјанмар, Камбоџа, Лаос и Брунеи.

Од двете страни не ги објавуваат финансиските детали од договорот, но ги споделија податоци, според кои „нивните заедничка фанови“ во седумте држави бројат околу 38 милиони корисници, а на глобално имаат над 650 милиони следбеници.

Јунајтед е познат по добриот маркетинг и користење на секоја можност за привлекување на нови спонзори. Клубот соработува со многу компании, од американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ до јапонската инженерска компанија „Јанмар“.

Минатиот месец раководството на тимот од „Олд Трафорд“ го официјализираше петгодишниот договор со рускиот авиопревозни „Аерофлот“, која стана официјален превозник на тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП