2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Фиат благодарејќи на Крајслер

Зголемен профитот на Фиат благодарејќи на Крајслер

fiat

Италијанскиот производител на автомобили Фиат соопшти денеска дека нето добивката во вториот квартал е поголема за четирипати и тоа благодарение на силната продажба на американската филијала Крајслер.

Фиат во вториот квартал оствари нето добивка од 142 милиони евра во споредба со 32-те милиони евра за истиот период од минатата година.

Без Крајслер, Фиат во овој квартал загуби 247 милиони евра затоа што продажбата во Европа се намали за пет проценти.

Испораката на автомобили во светот се зголеми за пет проценти во вториот квартал на 1.2 милиони возила. Продажбата во Северна Америка се зголеми за четири проценти, додека во Азија и Латинска Америка е евидентиран двоцифрен пораст.

Фиат ги потврди целите за 2013-та година, велејќи дека очекуваат профит од  1.2 до 1.5 милијарди евра и приходи од најмалку 88 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП