Словенечката ракометна репрезентација ги заддржа шансите за пласман во четврт-финале на Светското првенство во Египет, откако во драматична завршница избори 28:28 реми со Шведска, и сега и остануваат тестовите со Египет и Македонија за овој пласман.
Швеѓаните имаа одличен старт и поведоа со 11:6, но на полувреме оваа предност се „стопи“ и тие имаа само 15:14 предност. Во драматичната борба во второто полувреме, прво водеа Словенците, пред Швеѓаните предводени од Јонсон и Ване да направат пресврт и да бидат на дофат до победата. Блаж Јанц во 58. минута го донесе второто водство за Словенија 27:26, пред во последната минута Шведска да поведе, а на Словенија да и останат 15 секунди за напад. Матеј Габер беше херојот на словенечката репрезентација за голем поен.

