Најверојатно компанијата „Sony“ конечно е подготвена на пазарот да го пласира „Xperia Pro“ телефонот, кој е најавен со моделот „Xperia 1 II“ уште во февруари минатата година. „Xperia 1 II“ се појави на пазарот неколку месеци подоцна, додека од моделот „Xperia Pro“ немаше ниту трага, ниту глас.
Најверојатно тоа ќе се промени, затоа што серверите на „Sony“ започнаа да складираат „firmware“ датотеки за „Xperia Pro“. Ова е знак дека наскоро може да се очекува и маркетингшка достапност на телефонот. „Xperia Pro“ се очекува само во САД, со оглед на тоа дека има поддршка за „mmWave 5G“ мрежа која се уште е распространета на тој пазар.

