25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА100 милиони долари за оној кој ќе развие најдобро решение за CO2

100 милиони долари за оној кој ќе развие најдобро решение за CO2

Илон Маск нуди 100 милиони долари на оној кој ќе развие најдобра технологија за собирање и складирање на јаглерод-диоксид. Тоа е технологија која го ублажува влијанието на штетните емисии со тоа што поголемиот дел го собира пред да стигне до атмосферата.

Шефот на Тесла моторс, Илон Маск, вчера на Твитер вети награда од 100 милиони долари за развој на најдобрата технологија за собирање на емисии на јаглерод-диоксид.

Собирањето и складирањето на емисиите што ја загреваат планетата станува голем дел од многу планови во борбата против климатските промени, но до денес е направен многу мал напредок во технологијата, со напори насочени кон намалување на емисиите наместо отстранување на јаглерод-диоксидот од воздухот.

„Донирам награда од 100 милиони долари за најдобрата технологија за собирање јаглерод-диоксид“, напиша Маск на Твитер, проследен со уште еден „твит“ во кој вети дека ќе даде повеќе детали во текот на следната недела.

Ко-основачот на PayPal, кој го продаде, Маск денес управува со некои од најфутуристичките компании во светот. Покрај Тесла, тој е на чело на “SpaceX” и “Neuralink”, старт-ап компанија која ги поврзува мозокот со компјутерите.

Покрај тоа, тој гради тунели за електрични возила, што ќе го скрати времето на патување од 30 на три минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП