Манчестер јунајтед се врати на првата позиција во премиерлигашкиот поредок по синоќешната победа на гостувањето кај Фулам со 2:1. Стрелецот на победничкиот гол, Пол Погба доби пофалба од својот тренер Оле Гунар Солскјер.
– Пол навистина влезе во форма. Тој е добар, способен да игра во средниот ред, создавајќи шанси, има удар. Конечно влезе во оптимална состојба и игра одлично на последните натпревари, истакна Солскјер.

